Лево и десно од мене, крај самата река, имаше необични дрва и треви недвиснати над водата, чудни птици нуркаа во длабочините, а некои други гракаа над мене, брмчеа инсекти, а Нил се протегаше пред мене голем како езеро и ми се чинеше дека водата воопшто не тече, како да не е речна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа беше за мене голема, незаборавна средба во животот.
Mногу години по завршените студии, јас поретко одев на часови по француски јазик кај мојата професорка. Kако некогаш на мојот татко, постојано ѝ носев книги, кои таа ревносно наоѓаше време да ги прочита и потоа да ги коментираме заедно, да ги потцртува со молив за мене позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Морам да ви откријам уште на почетокот, мене голема болка ме нагризува. Броени ми се дните.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)