Мене очи не ми се склопуваа. Срцето ми го притискаше тага.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А, кога ќе заспијат... мене око не ми се склопува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веќе и мене очите ми мижат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И мене очите не ми ослепеле, зашто ми требало виделото да го пронајдам, да го погребам, да го тажам - ама и за враќањето ми требало - да ги видам и мајка - свекрва и Ѕвезда моја, ѕвездулче мижуркаво - без таткова закрила - сираче, оф, леле, - офна стишено, па се сврте кон неа, ја гушна со милина, небаре чедо тогаш родено, со здивот да си го стопли.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Старецот жалосно ја наведна главата; додека со прсти ги размачкуваше капките по подот, чудно шмркаше и ги криеше од мене очите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Та го помолил и му рекол: „Брате, на и ти ископај ми и мене очиве! Та ќе одам и јас, ќе се качам на дреото, да чујам, за да оздраам и да најдам пари.“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И тогај му пошол кај царот во одајата, исповртел со топузот за да го биет и му свикал на лутина: - А бре, што си се курдисал овде ти, ами лели ти си мојот к'смет, бре, што не станиш да работиш, бре, за да ме обогатиш, оти мене очите ми подбелеа за една корка леб!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А тој, големијот како разбрал оту ослепениот брат оздраил, парите и нашол, мостот се напраил и цареата ќерка се излеквала, многу се разљутил и £ опитвал друзите ѓаоли: „Кој, аџиба, му каза на ослепенијот брат да се измијат од таа вода, та да оздраит и да и најт и парите?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горица само се тегави, приплакува, а мене окото ми игра, ми се качува клепката на чело, ќе ми излета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)