мене (зам.) - земја (имн.)

Земјата смекнува, негде веќе богато се искитени лилјачињата, кон орелот лета неговата придружничка - утре таа ќе лежи неподвижна меѓу недостапни карпи врз јадри јајца, а околу мене земјата беше гола и штура, македонска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и од пенушките на црниот јасен ќе шибнат сочни прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но протестирав. Викнав. Чув и самиот убаво кога викнав : Не смеете да ме казнувате на ваков начин!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но знам дека не побарав да се отвори под мене земјата за да ме проголта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Глас Далеч од баштина, далеч од роднини, Не в чужда за мене земја, В полјани китнести, зелени долини, Самичак в планина шетам ја.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Додека ја гледав, посакував да се отвори под мене земјата и да исчезнам во некоја длабока дупка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)