Безброј огнени змии шумно ползеа околу мене разбудувајќи во мене желба да се борам и да живеам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Чувството на алиенација ја уби во мене желбата и потокот на мислата пресуши и најубавиот плод на господ Бог во олицетворение со феминистички дух …
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И не сакам веќе да лажам, велам не сакам ништо да барам, не сакам да Ве вознемирувам тажна, но посилна од мене желбата бие, посилна од мене тагата ми е, посилна од мене не остава на мира дури и разумот кога сака, сакам да живеам веќе, до кога, мртва сум вака.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
И се зароди кај мене желба и со вас да поразговарам за моите, за вашите учители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)