мене (зам.) - тој (зам.)

— А бре, ме сокршил мене тој ќерата бре; оти не откинавте бре, тој ајдутин бре?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но штом ја напушти Адем кошарата, Толе си дојде на себе и и се фрли на мајка си крај огништето: — Шо сака од мене тој пес, мори стара вапирко, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој знае зошто од мене тој палавко таа ноќ успеа да извлече многу патила и скриени емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Љубопитност, површност. Покрај сѐ, зборот ми се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мене тој ми сугерира на нешто сосем поинакво; тој буди „немир“; тој ја буди грижата за она што постои и за она што би можело да постои; спремност да се пронајде чудното и единственото во нашето опкружување; одредена неуморност да се поткопаат нашите вообичаености и да се погледне поинаку на истите работи; ревност да се разбере она што се случува и она што веќе се случило; случајност наспроти традиционалните хиерархии на важно и суштинско. (1989, стр. 198)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кај мене тој е сè во исто одделение, работи заедно со мене, го гледа добитокот, расте.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мене тој човек вопшто не ми е симпатичен, ни интересен, ни ништо. То шо е конзул мене ништо не ми значи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сакав да се изморам и да капнам и, кога дојде оној благ завој каде што се вртеше кон Лерна, се појави пред мене тој, Симон. Како од земја да излезе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да, за мене тој спој е мошне важен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Начинот на кој живееше изгледа го создаваше кај мене тој привид на дистанца помеѓу неа и цвеќето, но еве, смртта како да настојува да ја коригира мојата заблуда.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го прашам Иван дали мајка му некогаш одгледувала цвеќиња. Можеби ги имало.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
СИВИЌ: Мене тој проблем не ми се симна од уста, господине Херцог.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За разлика од мене тој беше во состојба да предвиди како се одвиваат и како најпосле завршуваат случаите како што беше мојов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека како резултат на таквото негово расудување можеше да уследи сожалувањето или пак омразата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Инаку, зошто мене тој златен евљат да не ми даде?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас го крепев Мане, со мене тој направи кариера, стана човек.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Букефал нека му биде името на коњот што го примив при срце, мене тој достојно да ми служи заедно во победи да јаваме!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Сакав да одам таму во раните осумдесетти зашто за мене тој музеј е исклучително сликовит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)