мене (зам.) - таа (зам.)

Таа тенка линија каде се завршува и почнува, за мене секогаш е почеток, на едно утро, на еден ден, една ноќ, во една прегратка, за некој може не е, но за мене таа е живот....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
За мене таа беше неземно суштество - жрец на искуството, богиња на радоста и среќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Тоа го знам! – му излета („тука беше искрен“, си се пофали, ама патникот како ништо да не забележуваше, тука само го чекаше следното прашање). – Па, те стигна ли?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- На мене таа гудина, у март, ми се случи нешто шо вии Скупјаанто гу викате „изузетно“. - Што тоа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За мене таа поговорка не важи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од авионски билет до сите подготовки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знаела а сепак одлучила да ја задржи подалеку и од себеси и од мене таа моја желба и намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали ја спречуваше синот? Или сенката на човекот зад тој син?) Навистина верувам дека таа ја знаеше мојата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Овој разговор се водеше помеѓу Зрновски и Јана пред да ѝ го постави Зрновски она провокативно, а по мое мислење и неодмерено прашање, дали ѝ се допаѓа новиот млад пријател и тоа во присуство на Самоников, а Јана речиси во истиот момент со прстот нерешително покажа кон мене, како да избира помеѓу многумина, и покажувајќи кон мене таа всушност ја крена раката за да го скине јаболкото, си реков и сетив дека црвенеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште кога беа спомнати раните плодови, мислам дека Самоников ја сфати пораката, или ако сакате метафората за брањето, што симболизираше нечии судбини гравирани со знакот на минливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира јас незнам колку е будна кај мене таа потсвест.но првата помисла што ми наиде оној ден во ходникот кога го видов натрапников се однесуваше на решението што си ги бев поставил уште кога се будев тоа утро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев решил случајно ако го сретнам зошто на пример да не му се обратам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа што се роди во мене таа ноќ беше нешто најсветло, најубаво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Коа чул терзијата тој збор, одвај беше се испраил да ја види рибата, за да не изгуби неколку игли, и му рече на измеќарот како со без ќеф: - А, бре брате, не е за мене таа риба, туку леле царо ми ја прати - бериќетверс'н!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еднаш како ја погледал рибата коа му ја покажал измеќаро, уште еднаш не је се опулил на рибата, само шиет, да шиет и на тоа згора еве ти еден чоек муштерија на терзијата, му дошол на дуќан и му ја видел рибата обесена на чивијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вие не знаете, мене таа, втората мајка, морав да ја викам мама, секој ден ме тепаше и јас потоа плачев и цела ноќ си мислев што да направам и како да се насочам правилно, за да не ме тепа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И токму кога се подготвував да истапам отворено и храбро и да го исправам Вртанов пред сите овие обвинувања, во собата се втурна најнапред главата на Росана, поточно нејзиното лице, а малку потоа, додека се придржуваше со едната рака за рамката на вратата пред мене таа го изложи и своето раскошно разголено торзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)