мене (зам.) - остане (гл.)

Брзо и невешто со картицата исчука четири цртки и сите еден по еден почнаа да мирисаат. За мене остана последната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лазам по земјата а зад мене остануваат ненужни бразди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Трчав. Зад мене остана, да се ниша обесено, малата полициска станица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
По некое време, Владе историчарот замина, а во мене остана мислата за гробот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оптоварен со бремето на тоа мачно време, не забележав кога зад мене остана рамницата на ужасот и се најдов на мостот префрлен над допирот на двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зад мене остана поканата за ново видување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со отворените очи и уста само сакав да му кажам да ми помогне, дека не можам да земам воздух, ама и него го снема и пред мене остана само синото небо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знаеш, понекогаш навистина е непријатно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Засекогаш длабоко во мене остана отворена вратата која ми ја остави во егзилот засекогаш мојата турска баба, вратата на нејзините големи, никогаш завршени илузии на заминувањето кон светот, бегството од Балканот, по патот на спасот на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мислам дека повеќепати во нејзината насмевка имам забележано нејасни знаци на понуда, на некој вид барање помош, или стануваше збор за некое ветување што за мене остана тајна?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)