мене (зам.) - нема (гл.)

Толку многу сакам што и јас станувам златна ластовичка која лета долж црните реки. И види чудо: ако летам долж реките, под мене нема ни вода ни корита по кои водата би течела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само мене немаше кој да ме посети.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За мене немаше кој да се грижи, велеше!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мисли некој ќе му се уплаши. Ама кај мене нема пет-шест. Кога го подбрав - се счудоневиде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Дај рака! - рече Бојан. - Со мене немај страв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мене нема да ме бара! - воздивна мечето. - Таа мене не ме сака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Што се однесува до мене нема потреба да одлучувам, мислам дека имам одлучено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но ова сознание не ме прави несреќен бидејќи исто така знам дека сум на страната на потребите на мојата вистина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе знам дека се наоѓам на страната што губи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А има ли некој стар тука во Перењас... - Постар од мене нема да најдеш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За мене нема друг излез.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Среќа што баш мене нема да ми предава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Деновиве, згазен од чувството дека за мене нема слатко задоволство во кутијата за чоколади, се спуштив да трчам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И сè дури тој ме води, за мене нема почин!‘ Но тогаш, превидувајќи ја слабоста што ме имаше обземено, заборавив да ѝ кажам, а сите да ве поучам на тоа дека човек може цел живот да го мине на едно место и со свои раце да си изгради шатор, а сепак да нема свој дом.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во мене нема ниту еден извалкан лист, а сите линии и тркалца се испишани внимателно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
МЛАДИЧОТ: (Скоро грубо.) Не. Но тоа за мене нема никакво значење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Крај мене нема никој, а ти, синко скиташ по светот, ко тишка без седело, без корен...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мене немаше кој да ми каже, барем јас имам кому да кажам: и кога се роди Горица, јас папокот ѝ го пресеков со срп, оти беше женско. На машките им се сече со секира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едноставно, во мене нема ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А од гајдата, според мене нема подобра свирка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зашто инаку, Ревшин мене нема да ми даде пари, а тоа е прашање на живот, а не на малограѓанска пристојност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако на тој пат пред мене нема скалило, ќе те постелам тебе да ми бидеш скалило и ќе се поткачам погоре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Знаев“, рече Летка. „Инаку мене немаше да ми се јави желба да се заљубам во него...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За мене нема веќе заминување, нема трет пат, тој е овде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За мене нема спас. Нема лек.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Убијте ме сега! Убијте ме засекогаш!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Исто како оние што ги наоѓаат и ги берат на џадето, по ендеците, во бозјакот и бурјанот и на полјанките каде што ги разнесува ветрот. Тие не мрднуваат од место.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога новремено ми се враќаше способноста да мислам и да чувствувам, ми се чинеше дека мракот за мене нема да заврши.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во зацрвенетите и ненаспани очи на Пандо бликаат солзи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Насамо, кога се разбудувам во ниедно време, си зборувам; камионите кога поминуваат, трчам да го видам, чекам и за мене некој да фрли книга со добри вести за син ми, ете, за мене нема ништо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Без збор клекна, подигна раце и остана така молбено и болно и небаре занесена во таа молитва што не исцелува болка, шепоти, моли, сплетува прсти, ги притиснува до градите, се ниша де напред, де настрана...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потсетуваше на мене по многу работи, само што мене немаше кој да ме види и да ме опише затоа што се удрив во четири часот наутро, на ѕидот оставив цела црвена шлаканица и од еден сон потонав во друг, црвен, тежок, и се разбудив слично како и тој, со некои лекари околу мене и со отворена уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дејан го сретнав во дворчето. По два дена од мојот притвор сфатив дека можам да шетам низ тоа дворче заедно со другите мумии од одделот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Проблемот што го покренувате во врска со погрешно преведениот збор за мене нема само семантичко значење, туку оди многу подалеку во мојата потрага по идентитетот на моето семејство во егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Никој подобро од мене нема да разбере.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Море - си мислам, и на стол да се качиш, пак повисок од мене нема да бидеш!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мене нема да ме гибаат зашто, како што знаеш јас сум во селскиот народен одбор...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако некој ден кај некого нема, нии за мене нема да има.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ДИМИТРИЈА: Тоа што има за мене нема за тебе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го прескокнав нејзиното лошо искуство дека со толку принципиелен човек, емотивец како мене нема да успее.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)