мене (зам.) - има (гл.)

Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не само тоа. Но оваа книга за мене има и посебно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кјеркегор Можеби Чехов со право го советувал младиот писател Телешов кога му говорел дека патувањето со воз во III класа е вистинска шанса да се дојде до добри приказни, но за жал во целиот вагон на патничкиот воз „Горбачов“ освен мене имаше уште еден чичко, заспан врз вреќа пиперки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Конечно пред мене имав вистински пациент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Па, знаеш тето, од мене има позитивна оценка, - се насмеа Рада и започна со целовечерна анализа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чудно е дека во мене има некаква љубов за иста крв, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во мене имаше нешто што ме туркаше да барам докази пред другите за моќта на моите потфати. Сега потфатот навистина постоеше, но резулатот беше нула.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вирчето вода долу за мене имаше значења, што за другите ги немаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но не, јас сѐ уште ја сакав Луција; во мене имаше повреденост, гнев, некаква нејасна лутина што ми пречеше веќе да го гледам светот онаков каков што тој нависитна е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Аферим,“ рече тој и за грозјето, и за речта. Во мене имате пријател. Ибн Тајко го знае тоа веќе многу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во мене има нешто недоизмислено, нешто заборавено и јас тоа ќе го најдам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Толку пати тоа сум ти го објаснила и бев сигурна дека знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прво и прво, во Битола никогаш пред тоа не сум била и од раскажувањата на мајка ми за нејзиното детство што го минала таму, тој град за мене имаше посебно значење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го замислував како нешто специјално, нешто сосема поинакво од градовите низ Македонија што ги познавам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мислев дека тебе ти е јасно – продолжи по куса пауза – какво значење за мене има „мојот свет”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во мене има ѕвер, нескротено животно, кое не може никој да го смири.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Покрај сè, ми е непријатно кога околу мене има забележливи промени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во папката што ја носев со мене имав и една фотографија од погребот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред мене имав година и половина до јубилејот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Покрај мене имаше еден клинец со одвртен транзистор во рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„На гости ти дојдов“, зад мене има војници, пеам „тебе не те најдов, Кито моме“, бегајте или фаќајте засолниште, „китка од градина“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вашата провансалска лаванда можеби ја имаше моќта на Прустовиот меден колач мадлен, кој за мене имаше горчлив вкус, но кој сепак ми го поврати вкусот на едно време, без кој можеби не е можна полнотата на животот, по која трагаме можеби и кон отаде.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не е тоа работа на Митра, мила сестро, како ти повела срцето, така прави! Од мене имаш изим! проговорува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Мене има кој да ме брани. Го знаеш ли Ване Гавранот? Е, тој ти е нешто. Со една рака железо витка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не можам да се навикнам дека пред мене има стакло и дека нема да ми прснат во очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Требаше да забележам. Не, забележав, а тој забележа ли дека јас забележав?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јенков навистина имал божја дарба, тврдеше татко ти, но за жал ја поарчил правејќи ги оние минијатурни портрети на Кралот и на Кралицата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ти многупати пред мене има зборувано дека Иван Степанович им дозволувал на многу љубопитници од кафеаната да ја разгледуваат таа слика и да уживаат во неземната убавина на девојката но и во големите можности и талентот на Јенков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зад мене имаше само еден партизан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Над мене има дрвен таван а на него е прицврстена четириаголна маса поставена за јадење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тие зборови сакав да станам од масата, но таа ме праша: – А кај ти е обетката? – Молам? – се збунив, но почнав да пребарувам по џебовите, иако знаев дека секако нема, сега засега, да й ја покажам обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таванот е низок и масата е таман толку оддалечена за да можам лежејќи да ја испијам ракијата и да го изедам ручекот, дофаќајќи сѐ што е на масата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Над мене има дрвен таван и на него е прицврстена четвртеста маса поставена за оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Формалната, минималистичка естетика за мене има големо значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)