мене (зам.) - дојде (гл.)

МЛАДИЧОТ: По мене дојдоа во два часот попладне.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Како да ми беше и мене дојден часот да ѝ се препуштам на жртвата на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не знам, - рече Билјана, нели со мене дојде, заедно дојдовме, - одговори Билјана, како по договор со мајка си.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
По мене дојде и баба и налутено проколна: - У да не фтаса дома да оди и чрното да го голтне!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А ете ми прикажуа, и тој исто како мене дошол момок овдеа, се закалуѓерил, вели, и ете дотерал да биде бег на чивлигот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го прогонивме Јан од тој свет, но остана мачното чувство дека ни недостига, оти со него бевме блиски; бракот меѓу Земанек и мене дојде како еден вид алиби дека тој свет е сепак реален: дека во тој свет на партиските состаноци, на маскирањата и лагите, на подметнувањата и притисоците, сепак имало и нешто човечко: љубов, здрава, нормална, телесна, духовна, дека од таа љубов ете, се раѓаат и деца.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)