мене (зам.) - допре (гл.)

До мене допреа оние познати звуци на оргулите... Бах...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се случи така што бесцелно ги премерував валканите градски улици. До мене допреа звуците од гитарата на човек премногу горд за да биде просјак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Јас се повлеков назад во ходникот да не ме видат, но сепак до мене допреа нејзините зборови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Потоа, во вид на далечен татнеж до мене допре вревата во која живее центарот на градот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)