мене (зам.) - види (гл.)

А мене види ме: фустанот валкан, испартален, косата бушава, дури и лицето не ми е чисто. Немам ни чорапи, ни кондури.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стојан се поослободи и си помисли дека Анѓа ќе го пренесе разговорот на друго нешто, па веднаш ја праша: – Што? – Којзнае дали да ти го кажам. – Зошто да не ми го кажеш? – Да не се навредиш и да не се налутиш. – За мене виде лош сон? – За обајцата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)