Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак, најпривлечен момент во филмската креација за мене бил, е, и ќе биде дружењето и соработката со прекрасните карактери на моите пријатели - андерграунд уметниците и луѓето симпатизери на андерграундот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)