Соголи ме. Крај река, крај трева кај дрвјата мирисаат на смола, Слечи ме и гледај оддалеку.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Ако мислиш дека заслужувам, казни ме и уживај во тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Викни ме и мене. Разбра? Бојан потврди со главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
6. АКО ИМА НЕКАДЕ ПОАРНО, ВИКАЈ МЕ И МЕНЕ - но така викнат ќе можеш ли дома да се вратиш?
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Да те пуштам да легнеш со свекор ми? - Пушти ме и ќе видиш со кого ќе легнам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ако не излезеш или ако не ме пуштиш внатре, јас ќе ги разбудам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме фрлаа сѐ повеќе, дрпајќи ме и викајќи од радост.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Фати ме и врати ме во торбата! - рече рибата и плесна со опашката.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ајде, ќе им велам, порачајте ме и земете ме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Облечи ме сега, вели Здравко, облечи ме и намести ме. - А за кај да те наместам, сине златен, му велам, и почнува вода да ми шопа од очиве.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)