Добро? - ми ја разбушави косата, галејќи ме по глава и гласно, некако нетрпеливо и рече на мајка: -Ајде, невесто, клај ја софрата да вечераме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Ти можеш да го направиш тоа, ќе ми помогнеш“, ми рече, тупкајќи ме по рамото и, речиси, шепотејќи: „Ќе ми помогнеш, и така натаму…“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тука Хорацио, за прв пат откако седнав на клупата до него, се насмеа на својот препознатлив начин – широко, гласно, тупкајќи ме по рамото: Баш така, миличок. Црв во газот!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Хохохо! - се изнасмеа чичко Лозан чукајќи ме по рамења.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- А кој си ти, врагу? - се пресече треснувајќи ме по нос.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Не. Но, тој е мој. А овој“, удирајќи ме по рамо, „овој е пријател. Разбра?“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Туку, сѐ едно... Среќно се извлековме... - додаде потчукнувајќи ме по коленото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)