Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодрував: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ми поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и со ками.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А Сатурн ја заштити болничарката. – Ме известија од осигурителната компанија за автомобили – рече. Раководителот задоволно се сложи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Точно во тоа време ме известија преку тајни канали дека Сталин бара да се прекине со дотогашните методи од кои помодруваа: ме следеа, провокаторски се обидуваа да ме поттурат леб со здробено стакло во тестото, ми се закануваа со нокти и ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
ПИСАТЕЛОТ: Хм, за тоа веќе ме известија. (На Љуба.) А како, мила моја, дамарите ви треперат?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Од престолнината сабајлево ме известија дека нашиот секретаријат треба да се вклучи во прославата на јубилејот - десет години од владеењето на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)