Да ме уништат, значи да се уништи Турција (...) Крв се пролеала.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Гореше од желба да ме уништи со зборови и во тоа ги вложуваше сите свои напори. Таа вечер беше прилично бурна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во еден момент се почувствував како целиот свет да се организирал да ме уништи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа ќе биде мој пораз. Ќе ме уништи и пеплоса.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беличот му даваше знаци на Мечета да остане мирен. – Мене – продолжи да грми чудовиштето – не може никој да ме уништи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ха-ха-ха ... Гледате ли? Кој може мене да ме уништи? Бегалците занемеа во уплав.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Наместо да ме населиш во тебе, да бидам твоја крв, Ти од мене направи олтар Пред него секој да се моли - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Наместо да го заборавиш моето име Ти го вглоби во секој камен, го запиша на сите гранки Па најтивок повеј низ времето ме ниша - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)