Кутијата, пред моите возбудени зеници, полека и неумесно се смали, во обид да ме увери дека постоењето на програмата е чиста измислица.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Кога малку се созеде, се обиде да ме увери дека не е тој што сака да навреди, дека тој само ми пренесува што зборуваат другите, дека тој ме почитувал како пријател.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа мене конечно ме увери дека сум јас во право.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Помислив: настојува да ме увери дека и смртта за луѓето не е веќе тајна, дека ја имаме веќе осознаено па затоа и располагаме со доволно умеење за да ги намалиме последиците од нејзините постапки што напати и не сме во состојба да си ги објасниме.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели, мегаломанска порака: истовремено насрчува но и обескуражува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа се случуваше вчера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или сметаш дека можеш да ме увериш оти обидот да разговараш со Јана, како и другите твои слични однесувања треба да ги сфатам како игра, или малечка шега од која си сакал да извлечеш и корист?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Ова е третпат како се обидуваш да ме увериш дека сум слепа! - се смееше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сопственото искуство ме увери во тоа дека црните луѓе удираат најниско што може и навредуваат без да остават докази.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Раскажувањето на пријателот Пејо ме увери и по заклучокот дека тогаш кога црните луѓе ќе бидат принудени на судир или напад, тие тоа го изведуваат на еден начин што зад себе не остава речиси никакви траги.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Притоа, морам да признаам, настојував да се одбранам и себе си од нејзините суви раце размавтани како прачки додека настојуваше да ме увери дека Стариот треба да ги повика на проштален разговор сите роднини еден по еден?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)