ме (зам.) - убива (гл.)

Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дел од активностите ги спроведував во мојот стан, низ многубројни средби, разговори и анализи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас секогаш бев посакувана од тебе, но не и сакана. Тоа ме убиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мене, Пјеро, ме убиваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но еден зрак ме убива ноќе; сакаше, но не го рече тоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме убиваа како мирисот на твојата болница. Лазеа по мене како инсекти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа гласно рече - Не жалам јас за двете Марии, мене само осаменоста ме убива.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не можам..., не можам да го поднесувам незнаењето. Не ја поднесувам несмасната изгубеност. Тие недовршени мисли ме убиваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во овие времиња и тој што прашува, и тој што бара одговори, и тој што ги дава можат еднакво да одговораат за предавство.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ме убива сево ова што го гледам тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во црно писмо, со бели букви регистар на времето што ме убива во себе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пасивност, од хаосот на мислата, што стоечки ме убива... Го победив моралниот растеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ко арангели ми стојат над главата. Се чудам оти не ме убиваат. 165
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)