ме (зам.) - товари (гл.)

Почекавме така, па после Јон го доведе магарето, ме седна в седелје, ме товари, ко подврзана вреќа и ме однесе дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Животот ме товари со полни бисаги страдања, та морав да ги совладувам премрежијата што секојдневно ми стоеја на патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По два месеца ми јавија дека татко ми починал од срцев удар; писмото од брат ми, се разбира, беше полно со обвинувања, оти тој ме товареше мене за смртта на татко ми, кој не можел да се помири со тоа дека син му станал циркузант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)