„Мислев дека ме сфаќате“ студено го дочека Иван и, за миг, во очите како да му блеснаа црвени кандилца. Одлично го сфаќаше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А јас не можев да поднесам ти да бидеш жива, а да не си моја сопруга. Дали ме сфаќаш, Рози?“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не, не ме сфаќајте погрешно. Немам љубовни или еротски тенденции кон девојки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Значи, кога јас не сум сигурна во себе, никој не ми ги отвора очите, затоа што никој не ме сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не ме сфаќаше. Ти личев на дете што собира шарени слики од чоколада.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш ми се чини дека таа подобро ме сфаќа одошто мајка ми, особено кога станува збор за моите лични проблеми, а најмногу во врска со односите со моите дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Татко ми исто така не ме сфаќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми не сфаќа дека немам ништо за облекување и дека мојата гардероба е нешто најкатастрофално на светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И сите произлегуваат од иста причина: мене никој жив не ме сфаќа и не ме разбира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И не докажува, зашто јас секогаш ѝ свикувам: „Немој да си рекла дека и за тоа е виновен пубертетот!“
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми, бидејќи не ме сфаќа, тврди дека и кога би имала двојно и тројно повеќе облеки, пак би била незадоволна, оти...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нејзе можам да ѝ се пожалам ако сум нешто незадоволна од нив, или ако се чувствувам онеправдека, или несреќна дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)