Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Почекај, и мене нешто ме стегнало“ Тапа - тупа, тапа - тупа, така маката се истура.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но не ме прегрна да ме стегне кон себе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едно време се реши, ја пушти раката кон мене и ме стегна кај лактот. Вели: Немој никогаш веќе да бегаш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Веќе сум меѓу многу народ. Во толпа која може да се разбранува така што ќе ме стегне, ќе ме исцрцори и ќе ми ги дроби коските земајќи ме низ нозе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И навистина така и би. Иако беше сѐ затворено, однекаде во собата се вовлече студеното ветре, ги заобиколи пријателите, ми се заобрачи околу градите и ме стегна како со мразен ремен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„А ти - за инает! Престани!“ силно ме стегна за рака. „Олеле, боли!“ извикав.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во мрачкото беше: кокошките легнати, пред да ме стегне забот, слушам: - Јонице, мори, вика некој однадвор, дома ли си или не си, Велико, слушам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)