ме (зам.) - совладува (гл.)

Ми ја зедоа Неговата слика и беа уверени дека ќе се споулавам во осамноста, ќе легнам врз шините на некој колосек или ќе се обесам на својата врска. понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понекогаш, по толку многу години од таа ноќ, настанот ми изгледа безначаен, и пак понекогаш ме совладува увереност дека навистина под липата на пустата улица сум ја сретнал Рубина Фаин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во истиот миг почувствував како плачот одново ме совладува, и силно го притиснав лицето на перницата, загризувајќи ја за да не може да ми се слушне гласот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го направив оној наш таен поздрав од времето кога бевме деца: ја испружив раката, и со моите прсти му го допрев челото, па носот, па брадата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Смрт во споредба со јачината на раскрстот, на гибелта која сега ме совладува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чувствував како бунилото полека заминува, и наместо него ме совладуваше тонењето во горчлива болка, и затоа го замолив: „Те молам, оди си.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трепери пламенот во моите изморени очи, клепките ми натежнуваат. Ме совладува сонот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)