ме (зам.) - снајде (гл.)

Ете сега и тоа чудо ме снајде.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Првите денови во училиште ми се чинеше дека сите знаат за тоа што ме снајде и ме жалаат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Комшике Буба, ме снајде голема несреќа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Огромно торжество ме снајде кога ја примив веста дека во Битола, на спектакуларниот Широк Сокак, јас ќе заблескам облеан во бронза.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Само отров ми треба, веќе да не сум жив ако ме снајде тоа”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оф, што таксират ме снајде, кутрата јас!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Често ѝ префрлав поради тоа, но да знаев што сè ќе ме снајде откако ќе се нафати да го заврши, можеби и ќе ја прекинев навреме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто? Па затоа што, откако го прочитав Гете, кој по малку и тормозеше со оној свој баксуз Вертер, решив малку да „мењам жанр”, што и рекол брат ми, и да прочитам нешто од писанијата на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го крепеше под мишка да не падне и издивнуваше очаено: „О господе, што е ова што ме снајде...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Леле, леле, јас сирота... прокудена од судбата што ме снајде, згромодиса? - немој, ќерко, немој златна - да оставаш твојта мајка - да се стори кукавица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Имам речено исто така дека многу посакував и мене да ме снајде несреќа и да проживеам онолку несреќен живот колку што Таша има проживеано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и нејзе ова и го реков еднаш или двапати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми текна ама не ми дотекна убаво, не размислив што може да ме снајде.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Дариј: „Драг пријателе, не можеше да ме снајде поголема несреќа од оваа, што не можам да ти се оддолжам, за љубовта што ми ја пружи.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Чудно но, тој месец дена што сега го споменав никој повеќе не ме вознемири иако бев сосема скршен и неспособен да се бранам ни пред некоја најмала навала што евентуално можеше да ме снајде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)