ме (зам.) - смета (гл.)

- За што ме сметаш и мене? За кодош! – вели Сатирот. - Не,не. Само така, сакам да знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не сум изгубил ниедна војна, не сум изгаснал ниеден оган, не сум простил ниеден грев, сеедно што за семе на моите гревови ме сметаат мене.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Атила, снизок и со голема глава, со ситни очи, со ретка брада и со сплескан нос, не знам ни да читам ни да пишувам, но војните, ограбувањето и огнот - многу ги сакам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Добро, лага е она што се тврди дека некогаш сум изјавил оти кревам рака штом ќе видам јаболко на гранката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум јас толку засенет колку што ме сметаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно е дека времето за летање ме има одминато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да се наоѓав повторно во оној натпревар со времето и тоа во деновите кога не ми беше тешко да ги прескокнам и највисоките плотови. (Иако и подоцна, додека растев, па дури и сега, кога ме сметаат за возрасен, не спаѓам помеѓу покорните кои мирно остануваат во аголот каде што ги испратил животот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на ретките поединци неупатени во овие промени им потврдувам дека веќе и јас не се одлучувам тукутака на необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човекот што дојде до џунглата застана пред мене, испотен и црн како бубалка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Бев горд што ме сметаат за семожен и, како знаев нешто малку да зборувам на нивен јазик, прашав: - Како може лав да изеде човечка сенка?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можев со плуканица да ги средам перчињата и затоа решив да бидам груб ако веќе таа ме смета за грд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме сметаше за луд; секој талент тие го сметаат за еден вид лудило.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човекот нишна со главата, како да одобрува; се виде дека ме смета за целосно луд.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Па зошто тогаш мене ме сметате за крадец?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас сум само никаквец од псевдовисокото општество и ме сметаат за „мил шегобиец“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние сме некои барончиња, од лакеите, па и не знам зашто, не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ме сметаш за јаловица а не прашуваш можел ли тој, маж ми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме праша дали брзам да им шепнам дека е во забелот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти и порано си била мажена и пак, за две или три години, не си раснела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ме сметаш за враг, Орлене, знам. Младиот Куно Бунгур го сфатил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме сметаше за потскажувач, за мал пакосник што гледа во него виновник за несреќите на патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каква била таа пречка што не му позволувала да наздрави добронамерно на гозбата на пријателството? Се чувствувал отфрлен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ме сметаше за духовит и ме тапкаше по рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но ќе патам ако ме сметаш за луд, за декадентен Дон Кихот на овој растргнат век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Соседите ме сметаат за луд.“ Браќата се намалија во својата покорност: „Но што ќе чиниме ние со коњот? Знаеш и сам, штала не наследивме.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали ме смета тој за странка само, за отуѓеност и бројка, за стебло во шумите под број, камче во реките под број, кратер на месецот под број?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Забите му пораснаа и ги расцепија стиснатите усни: „Пралуѓе, ако би пошол да ја барам својата смрт под една палма дали ќе ме сметате за луд?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме сметаш за курва. Мислиш дека сум го домамила в клопка. Ајде речи ми - курво, го продаде за шепа сребреници.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој ме сметаше за духовит и ме тапкаше по рамо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме сметаш можеби за прост и наивен! Не мислам така, реков јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сигурно ме сметал за побудала од него. Ти текнува?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Оче Симеоне.“ „Престани да ме сметаш за посник и кажи што сакаш!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мене ме смета за главно средство за мачење и затоа ме сака со перверзна и пеколна желба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога имав осум години, сакав да имам дванаесет, кога наполнив дванаесет, се си велев, ќе станам ли јас еден ден голема, ќе престанат ли веќе еднаш да ме сметаат за дете?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сфаќа дека веќе не може да ме смета за мала и дека мојата соба е само моја и само со моја дозвола може да влезе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, пак, да ми ги отвора фиоките и да ми зема пенкала и ливчиња, никако!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)