Така... Јас ќе си лежам, ме разбираш, под дебелата сенка на чинарот, а таа, младата невеста, рано на сабајле, разбудена од пилето - билбил, фрас вака, фрас така со гранката - ќе ги тера од мене досадните мувишта...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Па, можеби не сосем. Но од твојот изглед - главно затоа што си и млада, и свежа, и здрава, ме разбираш... мислев дека си можеби...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дожд. врапци Овие врапци Под стреа што се збираат Ме разбираат.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
А јас, мачор Перо, слушам како таа ме фали и ми е мило. Ме разбираш ли?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Не! Не ме разбираш јас сакам да останам, но времето е кратко, времето знаеш. Времето ме гони!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сакам со неа век да векувам како со жена, не како со платен добиток. Ме разбираш ли? Јас сакам и таа да се праша!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Да имаше дваесет-триесет лири...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И не се памети, ме разбираш или не, куче да задавело волк.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајка ми не сфаќа дека немам ништо за облекување и дека мојата гардероба е нешто најкатастрофално на светот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И сите произлегуваат од иста причина: мене никој жив не ме сфаќа и не ме разбира.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ме гледа детето, ко голем човек ме гледа и така ме разбира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Па тоа е само така, вели, како „разбираш“, „ме разбирате“.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа и ако не ми е мајка, но подобро ме разбира од тебе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Мене никој не ме разбира.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Помалку ми здосади да си го гризам сопствениот опаш. Од чувство на опашаност, ако ме разбираш.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Ако не ме разбирате, какви жени сте тогаш? Три ноќи сонувам ангел со божилак околу главата и со огнени столбови место нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе ја наведнеш главата и ќе ја послушаш. Поп си, занает ти е да благословуваш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- се насмеав, ама не бев сигурен дали ме разбира што му зборувам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Останете со нас, со Турција. Турција ќе ви даде автономија, ако ме разбираш, а потоа ако сте умни, можеби ќе си напрајте и своја држава.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не би сакал јас да сум тој што ќе ја доведе акцијата во прашање. Ме разбирате...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не знам дали ме разбирате господин Леко?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Коњите ме разбираат. – Како го правиш тоа? – реков јас. – И јас имам разбирање за коњот, – рече тој. – Да, но какво разбирање? – реков јас. – Едноставно и искрено, – рече тој. – Би сакал да знам како да постигнам такво разбирање за коњите, – реков јас. – Ти си уште мало дете, – рече тој. – Кога ќе имаш тринаесет години, ќе знаеш.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Па што има толку лошо во тоа да има малку музика?“ „Нема музика. Не ме разбираш. Нема музика.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Оваа идеја може добро да се претстави преку следниот извадок од претпоследниот дел на Логичко-филозофскиот трактат, единственото дело на Витгенштајн што е објавено во текот на неговиот живот: „Моите ставови расветлуваат со тоа што оној кој ме разбира на крајот ги признава како бесмислени кога низ нив, по нив, преку нив се искачил надвор. (Тој мора, така да се каже, да ги отфрли скалите по кои се искачил).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)