ме (зам.) - притиска (гл.)

Времето почнува да ме притиска. 8.00 Во грлото истурам литар сок од портокал и јадам банана.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како што тетка ми продолжи да вика „Говедо!Говедо! Говеда!“ - се обиде да стане, но одеднаш се фати за ’рбетот, театрално офна и падна врз влажниот теписон, при што се слушна едно мало „шлап“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама вака..., ми се чини дека само си ја губам скапоцената енергија додека ме притискаат и полека ми го одземаат животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но најмногу од сè ме притиска мислата дека сум заминал во мисија и со внатрешна порака што никој не ја разбра и прашање е дали воопшто ќе биде разбрана во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стомакот навистина ме болеше и ме притискаше, па само го чепнав месото, но не го изедов цело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради некоја причина почнувам да чкртам по белешките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)