ме (зам.) - придружи (гл.)

„Не ќерко, ѝ ветив на Мирјана деќа ќе се вратам Петре ќе ме придружи до автобуската.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Можете и без придружба! - рече командирот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Притисната од други обврски, мојата сопруга не можеше да ме придружува на ова патување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе ми пратиш двајца заптии да ме придружуваат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мило ми беше што ме одби зошто ќе беше вистински циркус да требаше да ме придружуваат двајцата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се колнам во ѕвездите кои веќе отпатуваа некаде дека копнеев мојата душа да ме придружува на сите кораби и галии и по сите мориња по кои пловев, но, дури сега сфатив дека мојата душа се пресоздала во сенка, а сенката веќе ја - нема.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)