ме (зам.) - придржува (гл.)

Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ме земаше в скут, и додека седевме крај прозорецот зад кој врнеше снег, таа ми раскажуваше бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така раскрвавен и валкан полека ме водеа. Влатко и Дејко ме придржуваа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но сега не постои ниту раб од кој можам да паднам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
РАНЕТ ДРУГАР
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Твојата љубов која некогаш, кога бев на работ, ме придржуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)