Сигурно нема да се мавтам со некој кој цела вечер ќе ми објаснува колку делови имал моторот на фолксваген.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој момент нешто ме привлече кон Првата Хала и штом стигнав дознав што било тоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Она што посебно ме привлече во твојот оглас е тоа што истакна дека ја сакаш епохата на романтизмот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По некое време врвот беше достигнат и почна благото враќање назад во нормала.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајсторството на кој се води заплетот, животот на ликовите, таткото, мајката, децата и козарот силно ме привлекоа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас и би ѝ го сторил тоа, не сум човек со многу предрасуди, но таа мене никогаш доволно не ме привлекла.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Немаше да останам кај „Ла Дефанс“ ако не ме привлекоа неколку невообичаени работи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ГРИНАВЕЈ: Особено ме привлекуваат поклопувањата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако побараше Даскалов да му објаснам што толку ме привлекува кај воденицине можев да бидам и многу поопширен а веројатно и појасен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За среќа нивното уништување не беше поврзано со доаѓањето на нашата власт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе му речев дека одамна ги знам тие воденици и дека многу го сакав животот во нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се спријателува со сликарот Франсис Пикабиа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во областа на уметноста, Дишан се открива себеси преку Сезан, кој во 1911 год. прави обиди со кубизмот: ‘Неговите теории ме привлекоа заради неговиот интелектуален став.”
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од тој ден Кузман почна да ме привлекува како што порано Пенчо ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој свет таму, ме привлекува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Натпреварувачката страна нема значај, но целата работа е мошне, мошне пластичка, а тоа веројатно е она што ме привлече кон таа игра.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Испливувањето на удавениот телефон од дното на собната празнина, силно ме привлече за да најобично го исфрлам.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Си помислив, зар е можно цело лето да е полна и црвена, или всушност, токму кога е таква ме привлекува да ја побарам со поглед?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ете, мене пак, токму со тоа ме привлече.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Таа и тебе ќе се обиде да те грабне, ќе видиш! Не затоа зашто ѝ се допаѓаш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но затоа неуморно ги голташе книгите за стариот театар. – Можеби мојата обземеност со древноста е илузија – ми велеше – но постои нешто што кај тие изумрени народи силно ме привлекува.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Потоа ме привлече кон себе и ме бакна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Почувствував нежно треперење на нејзините усни врз моите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Мислам“, рече таа, „дека те сакам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така, целата ситуација со Стомачето потајно ме привлече.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И зошто писателиве така пишуваат: на почетокот ќе “дават“, ќе “дават“, па дури подоцна ќе го почнат интересниот дел.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас за жива глава не би го сторила тоа, иако ме привлекува таа мисла – да можам да се нурнам и да ѕирнам што има таму, под површината на водата, та што е толку модрозелена каква што изгледа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Како да ме привлече да ја отворам ако е со непривлечна корица?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)