Твојот ум ме привлекува. Тој е сличен на мојот ум, само што си ти, ете, ненормален.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гледајте, 1910. 1911. и 1912. година кубизмот беше нешто ново; пристапот беше толку различен, се разликуваше од пристапот на претходните движења, и прилично ме привлекуваше.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да, не ми е срам да кажам: во тој миг, само во тој миг сум го сакала Јан Лудвик, иако и пред тоа ме привлекувал.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Слегов од мотоциклот и реков дека не сакам, дека мотоциклите не ме привлекуваат, но дека можам да го научам Земанек да вози подеднакво добро колку и јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лага е тоа што го говориш. И сепак ти ме привлекуваш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Мамо, се сетив тогаш – што го нема бато да се јави од Лондон?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, „марките” по кои лудуваа сите мои другарки, со кои беа полни убавите излози на бутиците и за кои рекламите беа најубави, не можам да кажам дека не ме привлекуваа. Напротив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
16. А сепак, што повеќе ми се случува, сѐ помалку ме привлекува статичката мудрост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Не знам дали би можел да ви објаснам. Многу нешта ме привлекуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Најпосле, разговорот за ѓаволи, необичен и несекојдневен, ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од тој ден Кузман почна да ме привлекува како што порано Пенчо ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се колебав. На широчината неколку деца играа челик и ме привлекуваа а Баждар беше неумолив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сѐ е толку живо, а сепак сѐ толку повикува на смрт.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Реката ме привлекува кон себе со истата брзина и сила со која тече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Шефот ми ја земаше само кога одеше да им покажува на другите единици да видат како треба оружјето да се одржува.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мојата цевка секогаш беше толку светната што можеше на цевката да се огледаш, за чудо многу ме привлекуваше оружјето.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)