Гледајќи така и смеејќи се како божем збунето и наивно, ме пресече стимулативното прашање на еден од неговите другари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Х.Х. мигум ме пресече заканувачки, според старото клише на однесување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мене нешто мигум ме пресече во свеста, цел еден систем проработе во мене.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но тоа беше само претпоставка по неговата наредба која ме збуни и ме пресече.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но кога се видов со Жене и почнав да му зборувам за делото, тој веднаш ме пресече велејќи дека е лошо и дека ќе го фрли в ѓубре, одбивајќи да расправа за него.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тупаниците се стегаа во грч, а исколчените очи на симпатичната одмаздничка, како во филмот „Матрикс“, демнеа на најмалото погрешно движење или збор да ме пресечат со црвено ласерско вооружување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- Добар деееен! - ме пресече вибрато на 90-годишен старец кој пред врата се беше изложил на срамежливо сонце и кому му се чинеше неизмерно здодевно. Не знам дали одговорив.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Мене нешто истиот момент ме пресече.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ајде, сабја носам, сабја да ме пресече, леле, Сабја, носам, сабја да ме, леле пресече!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се испречи пред мене и ме пресече со чудните, како со масло намачкани очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Улав си ти, ме пресече Ана. - Со тебе не може да се зборува.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но кога веќе мислев да се оженам со Жаклин, пилата на овој трагикомичен век ме пресече.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сакав да му речам, ама се плашев пак да не се поткачиме. Подобро да молчам.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„А ти да му речеше. Не е другарски зад грб да озборуваш!“ ме пресече Влатко. „Другари сме, не чини така!“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ама е напрчен!“ реков. „Се прави важен, божем негово е.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Кај си бе, брат?“ ме пресече ко со нож машкиот тенор и ме закопа во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)