Онака поместен и растревожен, ме придигнаа па моите стаклени нозе и со заеднички поткрепувачки напори ме пренесоа до првото такси.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мислите ме пренесоа кон Берат, амблемскиот град на соживотот и верската толерантност помеѓу албанските рисјани и муслимани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Утрото маж и жена случајно ме најдоа во ендекот крај патот и со чеза ме пренесоа до Драгаш, во близина на Зеница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ги чекам болничарите да ме пренесат во друга соба, но ги нема.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако е длабоко, ќе ме пренесе в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Силната мисла, во која се спојуваа свеста и потсвеста, ме пренесоа во тих, син сон, споделен со езерската модрина и тишина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И кога видоа така, се рече да ме пренесат во Лазаретот. Кај Битола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)