Алиштата ги переше мајка му, па кога се намрштив на тоа ме предупреди, со зборовите: - Како мајка ми ги пере твоите алишта.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со левата рака ги бројам прозор-чињата на сандаците, а нивните повеќејазични натписи ме предупредуваат на казната во случај на губење на клучот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Јас зборував со Андреја уште тогаш кога вие ме предупредивте и тој вети дека ќе се поправи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Ведане, - ме предупреди татко ми. - Глас од вас да не чујам!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мојата одбрана на задолжениот офицер му се виде сомнителна и јасно ме предупреди да не ја потценувам моќта на нашата силна и непоколеблива армија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Макар што мојот искрен пријател, македонскиот амбасадор Вања Тошевски, прекален дипломат, во билатералата, но уште повеќе во мултиратералата со кого се знаев од скопската телевизија, кога работев како новинар, а тој беше главен уредник, убаво ме предупреди најмногу да внимавам на шифрантот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Не брзај - се обиде да ме предупреди Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Добро, ама немој многу да си играш на лулашки за да не паднеш, - ме предупреди, како да знаеше каде ќе одам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Средината на решетките од мостот беа најрапави, таму каде што газеле децата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но Семјон ме предупреди, и тоа уште таму, пред онаа тешка огромна порта, дека не смеам да бидам многу љубопитна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога слушнал дека грабнувачите ќе дојдат да ме земат од чешма, брат ми побрзал да ме предупреди.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Борхес“, одговорив, „дојдов да ве видам и да ви го пожелам секое добро“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако го поздравив - прв пат го сретнав Борхес 1969-та во Норман, во Оклахома, тој ме прими љубезно и ме предупреди: „Без политика, ве молам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од тој разговор ми останаа само спомени забележени во моето сеќавање, и делумно чепнати поради потресните околности на средбата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 207
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од тогаш па натаму разговорот течеше глатко, а на моменти стануваше и интимен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)