Ме прегрнуваа мене, ме бакнуваа, како да сум направила нешто неможно - херојско што сум ја извадила и Ели пред да се случи најстрашното.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мајка ми плачеше и ме прегрнуваше, а татко ми ми рече дека сум едно храбро момче какво што тој досега никогаш не видел и дека забите што Египќанчето ми ги покажуваше, ловците на крокодили ги извадиле од моето рамо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Солзи им навираа од очите на моите деца, на моето синче и на моето ќерче, навикнати при враќањето од моите патувања да се радуваат, да ме прегрнуваат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И само ќе ме стега во себе, ќе ме прегрнува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ами, кога, Велико, ми вели кога, мори душманке, ми вели, ми се фрла, ме прегрнува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)