ме (зам.) - прати (гл.)

Ме прати нешто учителот до тебе. - Кој учител? - праша Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Служителот извади една книга од појасот. Даме ја зеде книгата и му рече на служителот: - Поседи тука на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На големиот одмор Љупчо ми даде 50 динари и ме прати до самопослуга да му купам дваесет чоколади - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И мене таму животот ме прати, веројатно, да го сфатам него. Мир свој кај барал.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Мене ме прати во магарешката клупа, не ме сакаше, како и јас што не го сакав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мајка ми ме прати да ја земам вашата мачка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едвај го намоливме да не ме прати сургун.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таинствена сенка ме прати... Ѓавол ли е? Ангел ли е?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Мама ме прати, ако имаш две јајца на заем да ми дадеш, дека торта ќе прави“, како по правило ти снемува баш тогаш, а самопослугата ти е далеку по жешкото да го праќаш детето... мозокот ќе му изгори.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Отидов кај волкот, ме прати кај лисицата; лисицата ѓоа можела да вади коска, и таа ме прати кај тебе и ти си му 'и вадела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И ќе ме демнат со увереност дека еднаш ќе ме пратат да кршам мрамор на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И ќе ме демнат со увереност деак еднаш ќе ме пратат да кршам мермер на некој безимен остров заграден со море, со жици и со митралези.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Море Ристе, море брату, гледај ти ние да си a свршиме нашата работичка и да лапниме по некоа бела меџудиа, та дали јајца ќе му готви, млеко со ориз, ореи со мед, тоа нека му мисли тој шо ме прати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа тој си кандисал на сѐ и ете, ме прати да видиме шо ќе направиме ние двајца стари јунаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш ме прати на состанок кај еден продуцент на кого му помага од 200 да намали на 150 кила.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Збунката што ме прати како сенка, би ја дефинирал како мешавина од Алиса у Земјата на Чудата, Гуливеровите патувања, Волшебникот од Оз и 1984. Овој есеј е малце подугачок и е составен од повеќе мали бајчиња.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Ќе излезе средовечен човек, со мустачиња и ти ќе му речеш: „Чичко Тале, ме пратија Горјан и Огнен да ти ги донесам дрвава.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И никој не ме пратил кај тебе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А да е за нешто друго... Божем за некоја поголема работа да ме пратиш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Појди кај мене дома и речи: „Ме прати Арсо, се пишманил, нејќе за ручек месо со праз, туку месо со компири.“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Поумен од него! Да ме чува господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нејќам со компири, туку месо со праз.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сѐ уште беше рано и децата немаа излезено да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа едно утро мајка ми ме прати да купам леб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка ми повторно ме прати да купам леб, но овој пат купив убав, бел, мек и дури малку топол, па кога се вратив таа не ме караше, дури и ме бакна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Петар вчера се извалка, ха ха! - се изнасмеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мене на почеток, ме пратија на служба во Тетово.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука ме пратија во името на народот да ги чувам народните непријатели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тие години се случуваше да ме праќаат и да купувам по нешто, а јас по свршената работа често наоѓав начин да задржам некое париче и за себе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Помогни ми Молња, Абраш ме прати и рече дека ти сигурно ќе знаеш што треба да се стори.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Пак некое куче- рече дедо Стефан и ме прати да отрчам на спротивниот рид да им дадам знак на тамошните овчари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас и така и така поради празниците и заради претстојниот празник бев прерадувам и возбуден, ама кога баба ми ме прати да го викнам Килета, се најдов ни на небо ни на земја.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паметам како приквечерта, додека мајка ми в огниште го ставаше котелот да зоврие вода за да ни ги измие главите, баба ми ме прати да го викнам Килета на поп Донета, мајка ми нему да му ја измие главата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Си мислам: ќе ме стрелаат или ќе ме пратат во некој логор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во меѓувреме, се појави желбата на мојот газда: да ме прати во Англија на дополнителна обука за работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Идејата на мојот газда беше да ме прати во Англија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)