Авиони, возови, бродови и автобуси почнаа да ме прават меланхоличен –да си стално на пат значи да бидеш понизен, да имаш на ум дека само „транзитираш“, лебдиш некаде помеѓу, на место кое не е ни таму, ни ваму, ни тука.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Тоа што се занимавам со нив не ме прави особено оригинален, бидејќи сите се бават со тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа го уништуваше, а за мене значеше столб кој години наназад ме правеше да се чувствувам човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Беше скршен. Во затворот му однесов книга од некој Вацлав, од некој Чех, Хавел, а тој ме правеше луда.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа е толку нестварно што секавичните сеќавања на тие мигови ме прават да доживувам срам од самиот себеси.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чудно е како пак и пак и сѐ уште попаѓам во состојби на размислување што, кога тоа ќе го сфатам, ме прави да се чуствувам толку бедно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Здодевните одложувања ме правеа тапо рамнодушна, и поставував расказни прашања. Разговорот заврши.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Градејќи го ткивото на расказите, настојував да бидам искрен, да создавам со елементи кои ми прилегаат, кои произлегуваат од мене и ме прават препознатлив, како и во поезијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме правиш будала. Ме гледаш во очи и ме лажеш.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Реалноста паѓа во очи, ме разочарува, а потоа ме прави среќна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Таа знае да ме опседнува. Намерно да ме прави љубоморна, станувајќи понекогаш туѓа муза.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тоа ме прави уште пољубопитна, уште позаинтересирана. Повеќе ништо друго не ми е интересно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Едно утро, само што станав, уште недоволно расонета, прво што видов во огледалото беше една грозна мозолка испакната на носот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ме прават претрес: ми наѕираат и в уста, ми посегаат и кај што самата не знам што носам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ме правиш да те колнам. Ќе те грабит мори еј!... со...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кој е ова доба, на полноќ, што ме прави бе узур?!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Но тоа не значи дека ваквите разговори ме прават среќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Благото чувство на недонаспаност што по цел ден ме држеше, ме правеше нервозен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
ФЕЗЛИЕВ: Тоа дека никогаш на никого не сум му дозволил да ме прави будала; најмалку ќе ти дозволам тебе.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Може тука и да ме правел татко, и затоа не валкајте ја тревата, оти ќе заигра секирава.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)