Намерно поставувајќи го во дневната соба, да ме потсетува дека времето брзо врви.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И сите по нешто ме потсетуваат на телохранителот на претседателот на Републиката иако никој од нив не е тој.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тоа е воомјазија, си велам и зборот воомјазија ме потсетува на нешто многу важно, спасоносно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Овие настани ме потсетуваа на други такви, помали, во животот, кога сум гледал дека луѓето се далеку еден од друг, како од брег на брег, не се разбираат дури и кога се во прашање навидум ситни нешта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дождливите пак, немилосрдно, ме потсетуваа дека треба да решам едно прашање што не е симнато од дневниот ред и кога немам нужда да мислам за него, - а тоа е прашањето за моите чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
По прошетката на топлиот ветар преку ноќта ни снегот останал, ни трагите во него. Затоа и ми е тажно за синот, за Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вака изречениве зборови ме потсетуваат на моментите од нашиот исколчен живот кога со досетки се обидувавме да си ги отргниме размислите од трагичните последици.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А и онаа приказна за сонот во прегратката на војникот кој знаел да бакнува најтопло иако тоа го правел преку превезот на ноќта!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но веднаш ми се чини неумесна дури и смешна оваа помисла!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А пак приказните на Огнена Гулева, дека низ моите одаи прошетале многумина... ме потсетуваат на снегот: напаѓал напаѓал а по него безброј траги, но само до утрината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели тој често ми има зборувано за тие небесни чекори што толку убаво го познаваат јазикот на оддалечувањето?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А ете, убавината на таа ноќ, слична на топол леб изваден од под вршник, ме потсетуваше токму на тие воздушести празнини во него. Или сум била гладна?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не го бев кренал погледот но бев сигурен дека Даскалов има отшетано до некој од прозорците на чардакот и го следи животот на некои од горните патишта: можеби внимава на патот на некоја птица; или облак; а можеби и на некоја одвај видлива патека по која далечниот спомен одвај се влечка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ваквото упорно трчање по сеќавањето ме потсетува на оној упорен несреќник кој се вратил да ја нацрпи водата што неколку моменти пред тоа ја истурил во реката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А веднаш потоа уследи и објаснувањето дека овој пат се случило на објаснувањето да чека малку повеќе одошто треба!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Нема причини за загриженост - вели Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Кажи ми го само уште она, најважното, што требаше да ми го соопштиш на почетокот - слушнав како Дасакалов ме потсетува на случајот со Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Па ова е истата вода што предмалку ја истурив”, свикал кога ги наполнил садовите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Туку може ли да прашам со што се занимаваш, камерава на твоите гради ме потсетува...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ти верувам, само... само дистанцата што ја создаваш меѓу мене и тебе ме потсетува на нешто...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Поздрав докторе! А што беа тие третинките, не знам и не сакам ни да ме потсетуваат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Светиња која ме потсетува на моите предци, заминати од светов.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Обид Се обидувам да ги наредам боите на виножитото во твоите очи... наутро жолтата да ме буди како сонцето, напладне црвената да ми дава живост, попладне зелената да ми го смирува уморот, а навечер сината да ме потсетува на залезот во синилата на морето, да можам спокојно да заспијам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Нејзиното однесување ме потсетуваше на мојата мајка и на односот кон нас, нејзините чеда, која често велеше дека бог ја испратил во животот за да ги спаси своите чеда!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Споменот на новото време ме потсетува на вечноста украдена од сништата Божји.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Колку ме потсетуваше во тие моменти на Борко!
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„Сиот си опседнат од тој случај, но случајот не постои.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа ме потсетува на одење напамет и со затворени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да ме вознемирува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или поточно ме потсетува на Благоја но само во една поединост! (Оваа додавка на крајот на писмото веројатно ја беше уфрлила за да ме развесели).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговото однесување многу ме потсетува на оној негов прв и затоа можеби многу внимателен пристап кон проблемот со моите жртви.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да ме потсетува на моите неодмерени постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еврејката Нилика. ( Во писмото Нилика ме потсетува на една наша дамнешна прошетка по Пасажот).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бојка, висната на раката на Виктор, и размавтана со облините под убаво изразениот струк, не знам зошто но не престануваше да ме потсетува дека чекорам по некоја туѓа желба!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На такво нешто, еве сега, ме потсетува разговорот што го водев со селаните во гостилницата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Му реков, испитувам на што ме потсетува мирисов.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Му велам: „Не трпам некој да ме потсетува на ваков начин.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Е, а јас не бев Столе и не сакав на таков начин да ме потсетуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Замисли си, ме потсетува дека сум брала јагоди со Аксја!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гудалото нежно ми се лизга ту во минатото ту во иднината и ме потсетува дека некој нашинец најпосле треба да му ги истегне ушите на времето пред да ни се исушат сите ритки и пред да престанат да ни врзуваат стебленцата веќе онемени од носталгија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Аналогијата резонира со иронија: убиството на претседателот како еден вид американска трагедија што го прослави Ворхол; Џеки Кенеди во жалост како една од Ворхоловите трајни теми; (речиси фаталниот) атентат извршен врз самиот уметник неколку години подоцна, само еден ден пред да го убијат Роберт Кенеди; веројатноста дека после Кенеди, Ворхол е првата личност во историјата на Америка со која се поистоветуваа толку голем број на луѓе по шеесетите години; сфаќањето дека Ворхоловата уметност, исто како и убиството на Кенеди, не е толку едноставна како што изгледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бидејќи не постои начин на ова прашање да одговориме директно, сѐ што преостанува е да го собереме она што лежи во самите дела на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од книгата ANDY WARHOL - Carter Ratcliff, 1983. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 149 Алан Шварцман Музејот на Енди Ворхол Можеби поради моето не-чувство за архитектура, зградата на Фрик и Линдсеј (позната и како Волквејн компанија за музика и музички инструменти) на прв поглед ме потсетува на магацинот за книги во Далас.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Формата на моето битие го дефинира просторот и времето во кое постојам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Прелистувајќи ги книгите уморни од вечното трагање по тие суштински прашања, а не добиваме ништо друго освен банални одговори, медитацијата ме потсетува на стихови кои оставија траг врз полноста на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Зарем е потребно да ме потсетува на тоа што пред малку го образложив и ...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Ме потсетува на еден поодамнешен руски воспитувач и писател кој ја има напишано книгата „Педагошка поема“ за начиниот на однесување со бездомните деца во поправните домови.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да не ти посадија туѓо јајце, вели, ме потсетува на приказната за штркот и штрчицата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме потсетува колку е благ огнот на олку никакво време.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)