Меѓутоа некако ме потресе повторното појавување на Стомачето, кое секако криеше нов план како и секогаш.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Толку сум преплашен што си мислам дека косата мора да ми е побелена од страв, после сите овие морници што студено ме потресуваат до сржта на коските.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тоа толку ме потресе, што не можев да ја прашам ни каде, ни зошто. Тргнав со неа без збор.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа многу ме потресе и почнав да плачам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Твоите зборови ме потресоа, но мислев дека тоа го кажуваш така без врска, ама тоа било твое претчувство дека нема да живееш уште долго.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тешко ми е понекогаш, особено ме потресуваат овие непријатности.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сѐ што се одигра за тоа кратко време некако до срце ме потресе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Е, тоа навистина најмногу ме потресе но и изнасмеа!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А притоа, да признаам, како да не верувам дека нешто слично му се случува и на некој друг.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)