И кога се вратив, откако Југославија се смири со СССР, по падот на сталинизмот и сите ние бевме помилувани од Голи Оток, но не ми ја вратија Катедрата по педагогија при Филозофскиот факултет, чиј основач бев, туку ме поставија за Директор на Националниот институт за фолклор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И дојде глас от велелепнија слави: повелеваше на тија свјати ангели што ме водеха да ме заведат да видам на сите свјатии домовите, така да видам сичкиите муки на грешните, пак после да ме постават у лепи кашти свјатаго Василиа.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Ако побара Војната, поданикот е должен и животот да си го даде, кога ќе се побара од него!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не би сакал да ме постават пред некој валкан ѕид ни по грешка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Болен е, помогни ми да го понесеме.“ „Сонцето.“ „Не, не е сонцето“, мрморам. Ме поставија на тлото.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)