Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И, не можам, ме полудува целата оваа ситуација. На изглед сѐ е мирно, спонтано и во ред.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)