Му реков дека потерата, ако веќе тргнала да нѐ лови, можела да го слушне неговиот глас и од некое трето село преку планината. Си го прочистувал грлото!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Некако мир ме полазуваше и ме успокојуваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се разбира дека се плашев. Мразев да си го поарчам животот поради неконтролираното однесувње на своеволните и недоволно внимателни индивидуи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мене ладна змија ме полазува. Овдека вака, на гола пазува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Толку е тивко и глуво што осеќам како се помрднува воздухот: од кај ме полазува, каде ме подгазува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)