И гангрената ме полаза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Студени морници ме полазија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме касна студот, целата ме полаза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Малку страв ме полази од овој грдомасник. Но, тој воопшто не обрнуваше внимание на вчудовидените гледачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе ме полаза пајаче и јас веќе знам дека некое негово писмо ме бара по адресата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се собирам, а лицево се прелива, пламнува и згаснува. Морници ме полазуваат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)