ме (зам.) - покрива (гл.)

Не се плашев што истргнав една младост од полусон, што ја пратив да го следи мојот пат; се плашев пак од осаменост која ме покриваше со плесен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеш ли пред ова што рече кај огледалото? „Стар сум, а во Виена со цвеќе ме покриваа“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од екранот во собата паѓа снег. Паѓа полека, ме покрива како топла прекривка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разговараа за мене и ме покриваа со кожи и веленца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што било пред тоа Лозан Перуника утре ќе е призрак на скрб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш го однесоа а ние бевме откриени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пред очите ми се разматува црнината од попот и ме легнува, ме покрива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)