ме (зам.) - повреди (гл.)

Се чини дека работа му беше како полошо да ме повреди, да ме срамни со земја, да остави грозна неизлечива трага од болка во моето срце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Постојано се трудев да му објаснам како се чувствувам, што ме повредува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оптичка мамка, за да не ме повредуваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зошто кога ќе сфатат колку сум емотивна, постојано уживаат во тоа да ме повредуваат и прават несреќна?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Луција ја замисли приредбата на начин што мене многу ме изненади и ме повреди, повторно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа добра жена не сакаше да ме повреди, иако не знаеше ни кој сум, ни како изгледам, ни од какви причини се јавувам кај нив дома.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме повредија. Ќе му се посветам на Бога. Јас сум Јан Лудвик, циркуски уметник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со едно пенкало и не може многу да ме повреди, затоа само и такви предмети фрла, затоа што знае дека ако фрли со нешто друго, потоа може да му биде жал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
-Да, но грабливиот јастреб ми долета, сега јас треперам од страв да не ме повреди – се сожалуваше згрченото лице на Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)