Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оваа жолта боја и ја посакувам и ме плаши до наморничавост.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Немав сили да го отворам. Неа ја немаше. Не дојде. Претчувството ме плашеше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Под него јас О без ду шен. есен Гугучката ранета Градината Осланета Таго моја, Тагоооооо. магли Помешечки Долазуваат Волците Потоа Во занес За-ви-ва-ат. страв Не ме плаши Времето што доаѓа.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Ме плаши молкот а ти си молк што слегува по оној срт и доаѓа – само спомен, и доаѓа – само одѕив по патот на ветрот студен тој злочест двојник твој...
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Господару, ме плаши пораката од твојот трон: "Страдањата низ кои ве водам Треба да ве избават од стравот".
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Лудвик, ти ме плашиш“, рече. „Ја виде ли Луција? Сигурен ли си дека беше Луција со него?“ „Ја знам Луција“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме плашеше, оти говореше неповрзано: говореше нешто што јас не можев да го разберам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но мечот мене не ме плаши.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ете, токму забелешката на несреќниот Исмет дека без срце ништо не може да се направи почна да ме застрашува, да ме плаши.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, морам да ви признам дека мене не ме плашат тие што имале срце, па го изгубиле оти кога - тогаш можат да си го најдат и пак да си ја почнат старата песна.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, мене токму тоа ме плаши оти креативниот сон, толку потребен на театарските дејци, може лесно да стане идентичен на оној на книжевниците, то ест на оние, кои само покриени со туѓи пердуви, можат да засонат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Наплив на желби го прекршија Моето кревко срце Во зракот на утрото, поведиме Во зоната на сончевата патека Не ме плаши височината Патот на мислата е побрз од светлината Во скутот на бела постела Од допир што дразни Ќе ги допрам ѕвездите, месечината...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Доброутро, спанко! Повторно ме плашиш. Томо само ја развлече устата во нешто што требаше да личи на насмевка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со телесната и некако излегувам на крај, но повеќе ме плаши што душата ме боли многу.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаеш, среќо моја, те учев дека зад восхитот на освоениот врв, планината често знае да се претвори во ѕверка подготвена да го земе својот данок. Тоа ме плаши.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Многу глупаво и тоа звучи. Ме плаши сега ситуацијава.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Немам страв од чудни луѓе. Ме плашат оние нормалните.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мене ме плаши занесот од победата да не трае предолго, па победниците да завршат како поразени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Чудни размислувања. Интересни идеи. Но дали се тие дело на твоите уверувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Додадов дека по правило во постапките на поединецот е присутен и неговиот личен интерес, се разбира во колку таков интерес постои, а во мојов случај токому тоа ме плаши, постоењето на некое недоразбирање или туѓ интерес.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во тој луфт, тој циркуски неон
и сега не се познава каде е
мојот живот, мојата скриена фалинка
не сум крив јас
виновни се оние кои веруваа
полесно ми беше да бидам неограничен
во слободата да грешам, одошто да сакам
ја имав секоја имајќи ја безличната
жена, не груба, не глупа, не грда
напросто ефемерна
бришаниот простор ме плаши, не празниот
ѕвездената прашинка која светка под папокот
на мојата скокотлива куртизана, судбината
мојот детски инат, залудното препознавање
во сѐ што не сум јас
зар не сум доволно смртен
за да бидам и жив, и со себеси соочен
зар јас ќе го напуштам светот
не тој мене, мила моја!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Крст, не ме плаши. Лук благо ми пречи.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Пак еве дојде ноќта... Дојде ко тивка вода и не ме плаши веќе Блиска во собата седи и молчи и тихо зрачи и знам: ќе биде добро ќе биде добро сѐ Ноќ...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Никогаш нема да биде објавен и ќе го користам само јас гледајќи ја додека спие. * Запис пронајден во клепки на бдеач Не ме плаши помислата дека некој некогаш може да го украде и да дознае што таа сонува.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Александар (кон своите врсници): Другари Македонци мои, ме плаши помислата ако татко ми по толку битки ми земе сè: сите победи - што ќе остане за мене, какви дела ќе извршувам јас?
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
ВГ: Па, тој беше заглавен! Тоа е нешто што многу ме плаши.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понекогаш помислувам „Не сакам да бидам како Херберт“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дури и толку богат и добар како што е, мислам дека не беше среќен со она што му се случи креативно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Ајде, ајде, не ме плаши. Кажувај.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И сепак те одбегнував, зашто ме плашеа честите средби со тебе, ми ја ослабнуваа волјата, ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот, а не требаше ништо да ме врзува со него.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Немој да ми мавташ со раката, мислиш ме плашиш! – му спискав јас. – Мислиш, ако си поголем и посилен од мене, треба пиперевка да ти играм, а?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)