ме (зам.) - опфати (гл.)

НОЌТА КОГА ПРОГЛЕДАВ Штом ја здогледав, ме опфати глад по неа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Таа и тебе ќе се обиде да те грабне, ќе видиш! Не затоа зашто ѝ се допаѓаш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не беше далеку од мостот на реката каде што попот требаше да го фрли крстот в река ама ме опфати страв дека не ќе можам да издржам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еуфоријата што ме опфати беше неопислива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме опфаќа чувство на осаменост и разочарување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)