Таа висока, добродушна домакинка и мајка, таа мила жена, која не ме оддели од софрата и ме чуваше како нејзино дете, не успеав да ја најдам, да клекнам пред неа, и бакнувајќи ѝ рака, да ѝ речам: NANE, FALEMINDERIT!...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се ујдисале двајца старци Новопогрчени фанатици, Ме одделија од Илија, Од мој Илија — златен делија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ја спуштам завесата и таа одново ме одделува од светот во кој, поттикот во мене што не згаснал сосем, ме тера повторно да чекорам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)