Би ме нашле со книгава и при тоа не знам што би ми направиле.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не на многу време радост е била за мене, стига веч година чрна, злото веч ме најде.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Боже вишниј, боже милиј, зло какво ме најде!
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Бидејќи не виде никого, гласно си рече: "Боже, Боже, кај да се кријам со овој срам што ме најде", си рече самата на себе или на некого со кого што разговараше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ако јас вистински умрам и нему вистински му се случи да ме побара и да се досети што да направи за да ме најде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И сега мене да ме најде оваа ата што ме има најдено...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Оние седум црнчиња со бели заби и кадрави коси, оние што еднаш ме најдоа на работ на џунглата, беа само малку поголеми од мравки но, сепак, забележав дека ми мавтаат.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тоа беше убава и во исто време страшна слика, но сега да ви расправам - ме најдоа седум весели црнчиња со кадрави коси и бели заби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Можеби им личев на добродушно џуџе, или на водено дете излезено од некое море, или пак на ловецот што го убил волкот и ја спасил Црвенкапа.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Но во собата веќе не беа ни старецот ни кучето Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- А јас бев во Африка, - реков и го помилував кучето што старецот го спушти пред мене.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Не чувствував жед. Можеби ме напоиле додека спиев можеби и сам сум пиел од некој извор без да знам дека сум го сторил тоа.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ме најде пред гимназијата и позелене.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Водата ме најде во тесно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И тогаш, во земскиот мрак светлината Негова ме најде и со моќта на оној што дава совршена љубов ми ги отвори очите за себе, та прозборувајќи ми, ми го отвори и срцето и ми го покажа патот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ти, Орлене, ако сакаш донеси и каца ракија. Жудлива, скиселена ... Сеедно. Ќе се нурнам со сѐ опинци - ништо. Ќе се обесам ако не ме најдете сув.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И на коњоштипите ќе им пееш. Не само попски. И дервишки.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ете, во каква станбена и инаква состојба ме најде случајот со ѓонот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таа не ќе може да ме најде во овој планински уџум.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Излегла како ѓоа ет многу уплашена. Збивајќим, му рекла: - Ов, јас сирота, што ме најде, честити царе!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ме најдоа на провала. Бев за разум повисок од мојот старец во таа вештина но сепак ме најдоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Е, ај, сега да си одиме, ѝ велам на Уља, на јатрва ми. Во умот пак ми е Јон: да не се врати, да не ме најде дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како еднаш веќе не ме најде мртва тоа големо утро.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме најде, си мислам, и се пофаќам за ногавица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не знам колку време сум одел со спиење, ама ме најдоа паднат. Ме разбудија некои наши војници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само се превртувам, а сонот никако да ме најде, да ме подземе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Човече каде сум? Во стапица. Ќе ме претепаат. Помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Цимерот ме нашол како спијам со лицето на подот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ме најдоа на провала. Бев за разум повисок од мојот старец во таа вештина но сепак ме најдоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А јас ќе исчезнам во мракот и никој никогаш нема да ме најде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мозокот почна толку брзо да ми работи, речиси се помирив со тоа дека ќе загинам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа си реков – само да се доближам до моите, за да можат и мртва да ме најдат, зашто овде на никој не би му текнало да ѕирне и да побара.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„ Ако посакаш некогаш да се видиме, еве каде можеш да ме најдеш“, гласеше тоа што му го порачуваше О'Брајан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Утрото маж и жена случајно ме најдоа во ендекот крај патот и со чеза ме пренесоа до Драгаш, во близина на Зеница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се решила пешки да се искачи до Стрелеско! Има скоро два километри. Ме нашла.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Владе и мене ме најде и ме испрашуваше.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Уф, чинеше тој; чинеше и таа. - Како ме најде? - Те барав дома...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Судот ја зеде неа во заштита и мене ме најде виновен.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но јас го одбивав, сè до еден ден кога во една кафеана ме најде уличниот продавач на лозови малку поцврцнат, загреан - и купив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Верувам дека ги здоболело до срце кога ме нашле во такви услови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Да те барам - нема, Да ме најдеш - нема. Анатема. Анатема.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Ако не ме најдете, пак ќе сум со вас...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Утринава ме најде командантот на бригадата и порача заедно да појдеме со тебе на падината над Пишишки Камен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Не можеш да ме убиеш. Прво ќе мораш да ме најдеш!“ „Ќе те најдам!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Така и мене еден ден ме најде најлошото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
ТЕОДОС: Вистина, и тоа не чини... Па, кога треба, кога ме нашол таков таксират, кога се нема каде...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Најпосле, овде има закон и заптии...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Не знам што да ти кажам, бога ми! Работата не е за заптии.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Господе, господе! Што ме најде! Со нив да се расправам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ме искрпија, но 'рбетов ми остана за секогаш неподвижен...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Со возот што се растури од експлозијата на неколку метра од шините, ме најдоа и мене.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
САРА: И не очекувате дека ќе ме најдете токму во мојата соба.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И тука ме најде? (Пауза) А? (Пауза) И тука ли ме најде (Пауза) Излегувај! (Пауза) Излегувај одовде?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тфу, бре, што лошо ме најде...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не ќе можат ни умрен да ме најдат!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Трчам на железничката станица, а Михајло Горачинов ако е среќа да ме најде, знае кај да ме бара.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чекаат некој да помине, да ме најде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Море што ме најде, море што ме најде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме најде еднаш кај чешмите, се изварди и ми ја наметна преку рамена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веднаш му кажав каде може да ме најде.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Случајно го отварав профилот на татко ми на Facebook, зошто тој ме натера да го поучам како да си го управува и тука ме најде Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ме барал во дуќанот каде што работев, но таму не ме нашол затоа што тој ден ми беше слободен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
-...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што би рекле моите да не ме најдат во креветот кога ќе влезат да ме разбудат за на школо?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ти студи? – го прашав, како да сме постојано заедно, а не ми падна на памет да го прашам од каде пак сега тој во Маврово, како ме најде, како дојде без да мислам на него, без да го повикувам...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)