А чув дека некои од оние „изворни елементи“ од Друштвото на писателите ме нарекувале „Калигула“, односно „Калегула“ со нивниот карактеристичен назален изговор.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ЛУКОВ: (Го покажува писмото.) Во ова писмо, оној Младич, ме нарекува... предател. И ми се заканува со Историјата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ме нарекуваа еден вид балкански Дон Кихот и во дипломатијата Ја напуштав Картагина, пределот каде што почиваа остатоците на неколку империи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ме нарекуваат агент на Гестапо, на Интелиџенс сервис, на Озна, на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)